2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Распродадени сите карти за монодрамата на Тарик Филиповиќ во Битола

Мај 15, 2018

Монодрамите вообичаено не привлекуваат многу публика, но тоа не е случај со претставата „Ќиро“ на познатиот хрватски актер и шоумен Тарик Филиповиќ, познат во јавноста по водителската улога на хрватскиот квиз „Милионер“. Тој како актер и автор на монодрамата „Ќиро“, посветена на легендарниот некогашен  југословенски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ, вечерва ќе го затвори 20-то издание на Фестивалот на монодрама во Битола. Монодрамата е во 20 часот во Народниот театар, а картите се веќе распродадени. Најзаинтересирани се припадничките на понежниот пол и љубителите на фудбалот.

 

Филиповиќ на денешната прес конференција изјави дека десет години го молел фудбалскиот тренер Блажевиќ да му дозволи да направи за него монорама. Тој го водел фудбалскиот клуб „Динамо“ кога во 1979 година станал шампион на Југославија, како и други успешни клубови на екс ју просторите и пошироко.

„Кога го уверив дека монодрамата ќе биде споменик за неговиот животот, тогаш ја сфати тежината. Па ма праша: 'Дали има тука пари?' Јас му реков пари нема. 'Е зошто тоа го правиш', ме праша. Му реков пари заработуваме на други места, а не во театарот. Мене во работата водилка ми беше Зијад Соколовиќ и само така сакам да и пристапам на публиката, а не она земи ги парите и бегај “, раскажа Филиповиќ.

 На монодрамата го носи дури и белиот шал, препознатлив дел од имиџот на Ќиро.

„Ќиро раскажува дека како тренер во Приштина, луѓето ги искинале чаршафите само да го дочекаат со бели шалови. Инаку шал носеше поради францускиот актер Шарл Боаје и велеше ‘на него беше малку фраерски, на мене малку педерски, но ќе се навинат луѓето’. Иво Томиќ, покојниот радиски репортер кој зборуваше во рими, го опеа неговиот шал и влезе во легендата, па во претставата се раскажуваа дека и папата го осветил, а јас кажувам да, како не. Тој шал и денес знае Ќиро да го стави и е во боја на ванила која ја доби со годините“, вели Тарик.

Досега одиграл над 4000 претстави но, јавноста на Балканот најмногу го позна по квизот „Милионер“. Ако на Ќиро препознатлив белег му бил шалот, на Тарик му се очилата со рамка во боја.

„Имав некаде четириесетина , дури и педесет, а останав на 15 пара. Другите ги поделив на некои хуманитарни аукции. Што ми беше најдраго зашто одеа во добротворни цели. Супер цени постигнуваа на лицитацијата. Мене оптичарите во Хрватска ми дадоа една плаќета зашто кога почна ‘Милионер’ им скокнала продажабата за 400 проценти“, рече актерот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани