2win800x200

Ин мемориам: проф. д-р Стефче Пресилски 1952-2022

Февруари 08, 2022

 

Денес со голема тага зборуваме за Вашиот лик и дело, иако не постојат доволно зборови за да се опише Вашата работа и посветеност. Вие бевте дел од академскиот кадар на Факултетот за биотехнички науки сé до 2019 година, кој ја сакавте и достојно и доследно ја негувавте науката, практичната работа, традицијата, културата и верно го пренесувавте целокупното Ваше знаење на Вашите студенти.

Проф. д-р Стефче ПРЕСИЛСКИ од 1987 г. предаваше на Вишата земјоделска школа а во континуитет и на Факултетот за биотехнички науки. Покрај наставата, ја вршеше функцијата директор на Вишата земјоделска школа. Професор Пресилски, покрај наставната дејност, беше познат и како одличен стручњак и автор на голем број книги, трудови, објавени во стручни и научни списанија и зборници на трудови од областа на технологијата на млеко и млечни производи. Професорот Пресилски беше присутен и во научно-истражувачката дејност, односно во голем број научни проекти како раководител и член на истражувачки тим.

Професорот Стефче Пресилки речиси четириесет години односно скоро целиот свој работен век го помина во Факултетот, рамо до рамо соработувајќи со колегите во различни моменти и периоди.

Со особена почит и вечен спомен!

Од колегите од Факултет за биотехнички науки – Битола

ПРОФ. Д-Р СТЕФЧЕ ПРЕСИЛСКИ ПОЧИНА НА 02.02.2022. Опелото ќе се изврши на 09.02.2022 (среда) во Капелата на црквата Св. Димитрија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани