2win800x200

Над 1000 јавувања за само три дена на новиот број за итни повици 112

Февруари 13, 2022

1100 повици се регистрирани на бројот за итни повици 112 за три дена откако е пуштен во употреба. 

 
Во петокот, на 11.02.2022  имало  околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика, информираат од Центарот за управување со кризи
 

Со пуштањето на употреба на овој бројот се  овозможува со телефонско јавување на само еден број, 112, во најкраток можен рок граѓаните на нашата земја  да ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или на противпожарната бригада, од било каде во државата
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани