АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зоран Дојчиновски е избран за прв човек на новото јавно претпријатие кое ќе стопанисува со градски паркинзи ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола. Тој досега ја извршуваше функцијата технички директор во ЈП Комуналец Битола.
Дојчиновски е дипломиран машински инженер со две децениско работно искуство во јавното претпријатие Комуналец.
Во април Советот со гласовите на владеачкото мнозинство на СДСМ и коалицијата ја изгласа одлуката за формирање јавно претпријатие за паркинзи и организрање јавен превоз во Битола. Ова јавно претпријатие ќе го преземе управувањето со зонското паркирање, зошто на сегашниот концесионер „Стентон градба“ договорот му завршува за само неколку дена.
Во изминатиот период општинска комисија вршеше увид во работат на „Градски паркинзи“, со цел да се изврши и примопредавање.