Webp.net gifmaker

Со почитување на протоколите за заштита од ковид-19 денес во црквата „Света Троица“ позната меѓу народот како Руска црква во Битола беше одбележан празникот посветен на светителот Јован Шангајски. Уште на влезот од црквата имаше прикачено известување дека задолжително е носење маски и држење растојание,а во внатрешноста имаше средства за дезинфекција. Кревањето на лепче се одвиваше на отворено во дворот на црквата, а домаќинките и годинава ја покажаа својата умешност во украсувањето на погачите и пченицата. На една од пчениците беше исцртан и ликот на светецот. За годинешната слава беа избрани пет кумови.шанг

Во чест на Јован Шангајски и вчера имаше вечерна, а денес утринска служба во Руската црква. Во храмот изложена е одеждата на светитетот Јован Шангајски кој пред деведесетина години бил професор на битолската Богословија.

За светителот Јован Шангајски се знае дека во 1928 година со синодска одлука бил испратен да предава во Битола, каде бил запаметен како голем верник. За него и тогашниот охридско- битолски екископ Николај Жички рекол: „Ако сакате да видите светител, одете во Битола кај отец Јован“. Уште во Битола бил познат како голем испосник и молитвеник. Секојдневно служел литургија и никогаш не спиел лежејќи во постела. Никој не го имал видено да се разлити, туку помагал на другите.

Го нарекуваат Шангајски, зашто по заминувањето од Битола во 1933 година бил хиротонисан за епископ, а наредната година востоличен за митрополит на Шангајската епархија. Се раскажува дека со иконата на Свети Наум Охридски одел по болниците и им читал молитви на болните Кинези и многумина исцелил.

Потоа околу една деценија од 1951 до 1961 година служел во Западно – европската епархија, па заминал во Сан Франциско, САД, каде изнемоштен од мисионерско – пастирската дејност, се упокоил на втори јули 1966 година откако отслужил литургија во градот Сиетл.

Моштите на светецот се наоѓаат во Сан Франциско, а делче е донесено и во манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Во црквата „Света Троица“ позната уште и како Руска црква во Битола изложена е одеждата на светитетот Јован Шангајски чиј празник се одбележува денес. Во храмот има посебен дел посветен на светителот кој пред деведесетина години бил професор на битолската Богословија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани