2win800x200

Одеждата на Јован Шангајски изложена во црквата „Света Троица“ во Битола

Јули 02, 2019

Во црквата „Света Троица“ позната уште и како Руска црква во Битола изложена е одеждата на светитетот Јован Шангајски чиј празник се одбележува денес. Во храмот има посебен дел посветен на светителот кој пред деведесетина години бил професор на битолската Богословија.

 

Во пресрет на празникот во овој христијански храм вчера имаше вечерна служба, а денес утринска. Црквата беше пола верници кои секоја година ги има се повеќе, некои креваат лепче, а се осветува и вода за здравје. За секоја слава се избираат кумови. Инаку, во оваа црква се реновираа олтарот, подот, вратата, дворот, а за скоро внатрешноста ќе биде исцртана со фрески.65633003 2850737581614337 6685680950631727104 n

За светителот Јован Шангајски се знае дека во 1928 година со синодска одлука бил испратен да предава во Битола, каде бил запаметен како голем верник. За него и тогашниот охридско- битолски екископ Николај Жички рекол: „Ако сакате да видите светител, одете во Битола кај отец Јован“. Уште во Битола бил познат како голем испосник и молитвеник. Секојдневно служел литургија и никогаш не спиел лежејќи во постела. Никој не го имал видено да се разлити, туку помагал на другите.66256557 496000377640867 4753813336724865024 n

 Го нарекуваат Шангајски, зашто по заминувањето од Битола во 1933 година бил хиротонисан за епископ, а наредната година востоличен за митрополит на Шангајската епархија. Се раскажува дека со иконата на Свети Наум Охридски одел по болниците и им читал молитви на болните Кинези и многумина исцелил.

Потоа околу една деценија од 1951 до 1961 година служел во Западно – европската епархија, па заминал во Сан Франциско, САД, каде изнемоштен од мисионерско – пастирската дејност, се упокоил на втори јули 1966 година откако отслужил литургија во градот Сиетл.

Моштите на светецот се наоѓаат во Сан Франциско, а делче е донесено и во манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани