АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученичката Ана Долевска од ОУ „Трифун Пановски“освои најмногу поени на 18. Општински натпевар „Млади библиотекари“- 2018 што на 2 ноември се одржа во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. На натпреварот зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с.Добрушево и с.Долно Српци, со вкупно петнаесет претставници.
-Според утврдените правила за овој натпревар на 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар на 16.11.2018 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, која освои најмногу бодови, а тоа е: Ана Долевска со освоени 105 бодови од вкупно 117, информираат од Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Тричлената комисија што ги оценуваше натпреварувачите беше во состав: претседател Илче Стојановски, виш библиотекар, член Гордана Пешевска, библиотекар советник и член Александар Крстев, библиотекар.