2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На социјалните мрежи има стотици коментари на битолчани кои бараат ослободување на битолчанецот кој вчера го уби зетот за ќерка кој пак насилно со мачета му влезе во домот и му се закануваше. Битолчаните коментираат дека дека секој родител би си го жртвувал животот за сопственото дете кога би дошол во безизлезна ситуација.

„Слобода за родителот, тој само си го штител своето дете, како во природата што секое живо суштество инстиктивно би реагирало. Слобода за родителот заштитник кој не дозволи пред очите да му се случи лошо на сопствената ќерка“, пишуваат битолачни.

На социјалните мрежи се јави и синот на осомничениот кој објави фотографија со татако му и напиша: „Ти не си татко, ти си херој, човек со големо срце, ти си мој, наш единствен и посебен татко, човек со чисто срце кој застана на страната на животот во целата фамилија“. На јавноста ѝ порача „немој да судите без да ја знаете вистината“.

Убиството се случи вчера во куќата на осомничениот,  откако неговиот зет насилно влезе и како што вчера соопшти СВР понал да се заканува на осомничениот, односно на неговата жена. 

Според соопштението од Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија, сомничениот со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка и за него е побаран притвор. 273488962 497147748747741 5546523168201291376 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани