2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Членови на фејсбук групата Битолска патрола најавија дека оваа сабота на осум јуни после 12 часот во кругот на Офицерски дом во Битола ќе фотографираат непрописно паркирани возила на јавни зелени површини и фотографиите ќе ги доставуват до Општинскиот комунален инспекторат на град Битола и МВР Битола.

„Ова ќе го правиме од причина што граѓаните на Битола масовно не ги почитуваат Одлуката за комунален ред и Законот за комунални дејности, па непрописно ги паркираат своите автомобили на јавни зелени површини, а со тоа ги кршат законските прописи и нанесуваат штета на непосредната околина“, пишува во соопштението.

Од Битолска патрола апелират до граѓаните на Битола да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните знаци и на тој начин нема да бидат доведени во непријатна ситуација со фотографиите од нивните непрописно паркирани автомобили.

Тие се повикуваат на Одлуката за комунален ред на Општина Битола (Службен гласник бр.14 од 03.12.2012 година) во член 49 е забрането секакво минување, запирање, паркирање и оставање на било кој вид возила и нивно миење во паркови, јавни зелени површини, парк-шуми и рекреативни површини. Во член 82 е дефинирано дека Непрописно паркирано возило е она возило кое е паркирано на јавните површини спротивно на важечките прописи. Во член 121 е наведено дека ќе се применуваат Прекршочните одредби кои се предвидени во член 43 од Законот за комунални дејности (Службен весник бр.95 од 26.07.2012 година) во кој е предвидена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност во мандатна постапка за секое физичко лице кое ќе постапува спротивно на Одлуката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани