2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За неполн процент повеќе гласови од Стево Пендаровски освои Гордана Силјановска Давкова во вторниот круг од претседателските избори во Битола. Според првичните неофицијални податоци на ДИК од обработени 100 проценти од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 48,56 проценти од гласовите на битолчани, а Стево Пендаровски 47,86 проценти. Во бројки тоа се 21 596 гласови за Силјановска Давкова, а 21 284 за Пендаровски. 

Сепак, на ниво на држава победник на овие претседателски избори е Стево Пендаровски кој успеа да ја победи Гордана Силјановска Давкова со над 58 000 гласови. 

Изборниот штаб на Стево Пендаровски во Битола објави дека има благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.  Ова го поткрепуваат и податоците од ДИК

По подрачната единица на ДИК во Битола утрово започна собирањето на потписи за кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова.

Таа  иако е номинирана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Република Северена Македонија, сепак започна со собирање на 10.000 граѓански потписи. Силјановска Давкова може да се кандидара и со поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но таа  на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

dafkova 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани