2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Старо битолско евресјко семејство Исак кое денес живее во Америка донираше сто килограми материјал за чување и одржување на раритетниот фотографски материјал за битолските Евреи во Државниот архив- одделение Битола.

„Значајна донација која ќе биде од долгорочна помош во делот на чување и обраоботка на раритетен фотографски фонд кој се однесува на историјата на битолските Евреи. Донираа вредни материјали од специјални кутии, амбалажа, кошулки, бескиселинска хартија која не ги оштетува фотографиите и овозможува со понатамошното чување да бидат во кондиција за уште поголеми истражувања“, вели Ивана Хаџиевска, помлад соработник во Државен архив- одделение Битола, магистер на историски науки.

287607710 434270321539070 4290020556686367630 n

Џо Исак заедно со сопругата и двете деца го посетија Битолското одделение на Државниот архив. Џо, кој денес живее во Вашингтон, раскажа дека неговиот дедо ја напуштил Битола во 1903 година, а останатите челнови од семејството кои останале тука биле депортирани во озлогласените логори на смртта во Втората светска војна.

288149610 720872149252786 6163059764874606409 n

За соработката се залужни раководителот на Одделението во Битола, Гоце Стојановски и Димитар Ѓоргиевски , помлад соработник во истата институција.

Ем џебен, ем зафаќа површина колку стотина денешни мобилни телефони. Вака изгледа џебниот,односно мобилниот фотоапарат што пред повеќе од сто години го користеле браќата Манаки за да ги овековечат случувањата на Балканот. Апаратот „R.A. Goldmann“ набавен од Виена, зачуван е до денес и претставува дел од фото-збирката на Манакиеви во Архивот- Битола, пишува СДК.МК. 

 

„Ова е еден од помалите фотоапарати кој бил мобилен и се носел на терен, на настани. Милтон снимал се̍. И конкретно со овој апарат можел да направи осум фотографии на настан, дали тоа ќе бидат стаклени плочи или план филм. Фотографската дејност на почетокот на 20 век изгледала многу поинаку отколку како што денес ја перцепираме. Самиот процес на фотографирање имал потреба од ангажирање на чираци. Едни од нив биле Зега и браќата Карабатак, тие ја носеле опремата која била многу тешка, а некогаш се носела и со магариња“, раскажува Димитар Ѓоргиевски , помлад соработник во Државен архив-Битола кој шест години работи активно на фондот „Манаки“ и на неговата ревизија и дигитализација.

 

Фондот „Браќа Манаки 580“ во Државниот архив во Битола бил откупен во 1965 година и се состои од импозантен фотографски материјал, опрема и лични документи. Познатата „Камера 300“ и фото опремата од 14 предмети се чуваат во специјални лимени ормари по стандарди за заштита, во случај на елементарна непогода да останат неоштетени. Стаклените плочи и филмови исто така се сместени во дрвени и лимени ормари, а документацијата во шест кутии. Со фондот дозволено е ракување само со ракавици.

стаклени плочи

Се прават обиди конечно фондот да биде прогласен за национално богатство. Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска заедно со директорот на Државниот архив Емил Крстевски деновиве беа во посета на Одделението во Битола при што се процени дека постои основ фонд да се прогласи за културно наследство во нашата држава.

„Да биде истакнат како културно наследство од особено значење, во подкатегоријата национално богатство. Тоа ни е нас многу важно како институција која повеќе од 60 години го поседува овој материјал. За таа цел треба да се изработи елаборат кој ќе биде проследен до надлежните органи со цел да го имаме тоа национално богатство во нашето депо“, рече раководителот на Одделението во Битола, Гоце Стојановски.

гоце стојановски раководител на Одделение на Архивот во Битола и Димитар Ѓоргиевски помлад соработник

Исто така разговараа и за долгогодишната желба на Архивот од Битола во нивни простории да се отвори спомен соба за браќата Манаки, нешто што Битола уште го нема.

„Станува збор за желба што пред смртта ја искажал и самиот Манаки во последното интервју во Радио Битола, дека бил верен на својата камера и Битола и дека би сакал еден ден да ја има таа спомен збирка или спомен соба во неговиот град. Станува збор за една долгогодишна наша иницијатива и желба да му се оддолжиме за неговото творештво“, рече Стојановски.

Експертите од Архивот велат има забуна околу датата на раѓање на Милтон, па посочуваат дека според документацијата со која располагаат тоа е 1882 година. Годинава се навршуваат 140 години од неговото раѓање што ќе се одбележи со голема изложба.

281433700 2103945159757141 8559269912780335752 n

 

Извор: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dhebniot-fotoaparat-na-manaki-da-stane-natsionalno-bogatstvo-a-brakata-da-dobijat-spomen-soba-vo-bitola-baraat-od-arhivot/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани