АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од нижото и средното образование од Државно музичко училиште – Битола изнудија силни апаузи и воздишки на годишниот завршен концерт што се одржа на сцената на НУ Народен театар – Битола.
Гудачкиот оркестар под диригентската палка на професорот Никола Трајановски, го отвори концерот по што следуваа ученици од нижото музичко училиште- Јована Јосифовска на виолина, Стефан Кулевски на труба, Мила Нечовска, Деа Ивановска, Софија Михајловска, и Андреа Николовска, сите на пијано и Емилија Богоевска на виола.
Од средното училиште пред публикатасе претставија Јована Арсоска, Бојан Димитровски и Александра Гическа на пијано, Љубица Здравковска и Злата Данаиловска настапија како дуо пијано, Наум Наумоски – баритон и Елеонора Џоџоска – сопран, Благица Блажеска на виолина, Андреј Илиоски на кларинет, Бојан Анакијевски на ксилофон, Дарко Кулевски на хармоника и Кристина Љушкоска на флејта.
Накрај училишниот хор под раководство на проф. Лилјана Трајковска Дамевски приреди вистинско музичко задоволство со атрактивна програма , аранжман на песни од Тоше Проески, “Adiemus“ и композицијата “We will rock you“, која предизвика силни емоции кај публиката.