2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Живи „статуи“ ги пречекуваат битолчани и гостите на Фестивалот на монорама деновиве низ центарот на Битола. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12 до 15 часот се случува на делови од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест, а централна точка на оваа придружна програма e Јагода на крајот од оваа пешачка позната зона на Битола, каде актерите живи статуи и познатите артисти од битолската електронска сцена ќе имаат своја програма.

Широк Сокак со живи статуи:

14.05 Виктор Апостоловски

15.05 Dejan Dex

16.05 Bobba Funk

17.05 Ace Mice

18.05 Berryqyat

19.05 Chiko

20.05 Acika

21.05 Joss

На 14 мај, во Центарот за култура во Битола,  под мотото „Помеѓу“  започа 23-то издание на Интернационалниот фестивал на Монодарамата на кој дојдоа  професионални актери  од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами. 

Битола до 21 мај ќе биде вистински фестивалски град, каде ќе  гостуваат монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани