АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Печати со ликот на премиерот Зоран Заев и кукасти крстови осамнаа вчерва во Битола. Редакцијата на Апла.мк печатот го затекна во новата населба кај касарната, односно зад зградите на Јури. Битолчани кои живеат во близина кажуваат дека ваков печат немало до вчера, се гледа дека е пресно врежано и не е изледено, односно нема траги од прегазеност со автомобилски гуми иако е на улица. Печатите врз асфалтот се ставени тајно. Пред неколку години на протест во Битола беше изваден погребален прст и на него некролог од Заев.