АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Делегатите на Изборната конференција на СДСМ Битола едногласно ги изгласаа новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на партискиот огранок.
За членови на Извршниот одбор на СДСМ Битола избрани се :
Гордана Анастасова, дипломиран учител ;
Миле Велјановски, дипломиран економист ;
Виолета Дракалска, дипломиран правник ;
Елизабета Ивановска, специјалист интернист, субспецијалист пулмолог ;
Пеце Кондовски, магистер по маркетинг менаџмент ;
Андреј Лозановски, студент ;
Пеце Матевски, дипломиран машински инженер, магистер по менаџмент на човечки ресурси ;
Јадранка Павловска, дипломиран менаџер во биотехниката;
Елена Пејчиновска, апсолвент на Медицински факултет ;
Јосиф Петровски, доцент доктор на науки ;
Бенер Синаноски, магистер на правни науки ;
Елена Спасеновска, дипломиран биолог, магистер по менаџмент во образование ;
Вера Средовска, дипломиран правник ;
Андреј Стојановски, дипломиран стоматолог ;
Зоран Степановски, геолошко рударски техничар ;
Валентина Стојановска, дипломиран економист, магистер по човечки ресурси ;
Теодор Тодоровски, дипломиран економист – банкар и
Елена Шалевска, магистер по англиски јазик и книжевност.
За членови на Надзорниот одбор на СДСМ Битола избрани се :
Панде Атанасов, машински техничар – енергетичар ;
Рабие Бајрамовска, дипломиран правник ;
Јагода Грашеска Трајковски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција ;
Ивона Трифунов, магистер по јавна администрација и
Борче Петковски, доктор по ветеринарна медицина.
Претседателот на СДСМ Битола, Драган Крајовски претставувајќи ги предлозите рече дека тие се резултат на бројните средби што се одржаа со сите месни организации на партијата во Битола, при што, запазени се сите постулати на СДСМ – еднаква застапеност на мажите и жените, 30 проценти од предложените членови се младинци, и секако припадници на различни етнички заедници.
“ Предложените членови се наши другари и другарки, истакнати партиски борци, заслужни за победи што сме ги извојувале и сигурен сум ќе ги извојуваме пак уште на првите следни избори. Ве повикувам со поддршката што вечерва ќе ја дадете за избор на новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор, да започнеме да ја пишуваме новата страна во работењето на СДСМ Битола на која нема да има големи и мали букви, наслови и фусноти. Да бидеме сите едно, сите сме другари, сите сме СДСМ. Да го покажеме тоа и на дело”, рече Крајовски во обраќањето.
На Изборната конференција на СДСМ Битола покрај делегатите од Битола, присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ и заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседател на СДСМ и министерка за култура во Владата, Владимир Рендевски, заменик министер за здравство во Владата на Република Северна Македонија, како и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Битола Васко Ковачевски, Емилија Костурски, Васко Колевски, Рула Чаламани и Виолета Џима.