АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За Коледе Битола како да ја погоди Трета светска војна. Огномет и петарди имаше повеќе отколку за Нова година. Битолчани за коледарската вечер прославија и со богат поротехнички арсенал.
Битолчани не можат без коледарски огнови, тоа го докажаа и годинава. Не е еколошки, не е верски обред, но факт е дека е традиција врежана во колективното однесување со десетици години. Ако се изезмат пијанките, дружбата околу огнот барем е чин на социјализација.
Вечерва низ битолските маала пламнаа коледарски огнови. Ова е традиција со која се најавуваат престојните празници- Бадник и Божиќ.