2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дваесет и девет семејства или 114 жители од Петочна Вода, неурбанизираниот дел од населбата Баир во Битола, немаат пристап до вода и канализација во домовите, а живеат и на иста адреса Караорман број 111. Половината од нив во вакви услови живеат 25 години, а останатите се населиле во последните две децении, покажа истражувањето направено во рамки на проектот „Баир здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“. Резултатите ги презентираше Љупчо Димовски, основач и директор на Консултантска куќа Епицентар .  Во целата населба има 1.019 ромски семејства со вкупно 3.179 жители, од кои само 35 проценти живеат во легален дом. 

 

„Според истражувањето, покриеноста со пристап до канализација, водовод и комуналии во населбата е над 68 проценти. Но, контрадикторно е тоа што само 35 отсто од луѓето ја плаќаат оваа услуга. Тоа се должи на самата структура во населбата во однос на урбанизацијата. Според нашето истражување, само 15 отсто од куќите во населба Баир имаат уникатна адреса, а другите се водат на една адреса. Поради ова, доаѓа до тешко наплаќање на овие услуги од страна на граѓаните“, рече Лидија Ангелкова од фондацијата Преда плус.

 

Анализите за домување и пристап до основните јавни услуги се правени во октомври 2021, но се надополнуваат на друго истражување правено од Преда плус во 2020 за целокупната ситауција во населба Баир.279688301 547523586935910 9149366152068064070 n

 

„Ние сакаме преку истражувањето и тркалезната маса со претставници на јавните претпријатија да најдеме некакви решанија, да ја ублажиме оваа ситуација. Исто така, преку овој проект работиме и со Општината во донесување на ГУП и ДУП со цел да се најдат некакви решенија. Без донесување на овие главни документи ние ништо нема да можеме да направиме како Општина“, додаде Ангелкова.

Комуналните услуги ги користат 63 проценти, но само 34 отсто ја плаќаат услугата. Дури 22 проценти од населението го носат ѓубрето на депонија или го одлагаат каде било, па и на регионалниот пат над Битола.

Ремзи Медик, од тимот за поддршка, рече дека од осамостојувањето на државата нема никакви преземени чекори за подобрување на состојбата, па ова се едни од првите со кои се прави обид да им се овозможи на граѓаните да ги оставрат своите права, а да им се даде на знаење дека со секое право следува и обврска.

„Анкетата беше обемна околу 333 лица беа анкетирани од населбата Баир. Огромна бројка од испитаниците имаат недооформено основно образование. Тоа се луѓе кои припажаат во делот на неквалификувана работна слиа. Околу 60 проценти од сите испитаници се со неформирано основно образование, а работодавачите бараат лицата што ќе ги вработат да имаат образование, па ова е голем проблем. Целата социјална реформа ,за жал, наместо да ги стимулира луѓето да се вклучат на работа, таа делува дестимулативно. Наместо да ги извади, ги турка назад во сиромаштија, односно да продолжат да бидат дел од тој неформален систем“, рече Димовски.  

Проктот е финансиран од ЕУ, имплементиран од Меѓународната организација COSV, Преда плус Фондација и Општина Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани