АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во чест на Фудбалската репрезентација на Македонија и нејзиниот вечерашен натпревар против Португалија, Општинската зграда свети во боите на македонското знаме.
„Фудбалската репрезентација на Република Македонија е наша голема гордост. После историската победа против европскиот првак Италија, навиваме за нашите шампиони и им посакуваме пласман на Светското првенство во Катар. Битола е со македонската фудбалска репрезентација. Од вечерва во знак на нивна поддршка зградата на Општина Битола, свети во боите на македонското знаме“, напиша на ФБ градоначалникот Тони Коњановски.
Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.