АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
17 годишната Мариа Дима од Букурешт, Романија, добитничка на највисоката награда на „Мал битолски Монмартр“ има битолско потекло, велат организаторите на фестивалот.
Поради пандемијата со КОВИД-19, таа не можеше да дојде во Битола и да си ја подигне наградата, па ќе му биле испратена преку Романскиот конзулат и Амбасадата.
Инаку, Дима слика од мали нозе, а во просториите на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ изложени се петнаесетина нејзини цртежи, кои изобилуваат со случки од секојдневието, пејсажи, живот во село. Но, посебно место со својата убвавина заземаат цртежите на кои ја насликала битолската архитектура. На една од творбите изнесени се нејзините импресии од некое претходно гостување на „Монмартр“, па покрај насобраните гости е насликан и творецот на фестивалот , Коста Хаџи Антоновски.
Ж.З.