АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„30 години не се зборуваше за образование, не инвестиравме како држава. Има ли држава која може да биде силна, која се стреми да постигне стандарди европски, па и светски, а притоа не инвестира во образование, а на полна уста зборувате дека сте патриоти? Како некој може да биде патриот, а не се секира дали утре ќе имаме лекари, наставници, инженери. Каква е таа држава која својот капацитет не го гаи од најамала возраст? Рековме тоа ќе се промени зашто тоа го бараа наставниците, учениците, родителите зашто сите тие кои гледаа дека образованието не чини ги испраќаа децата надвор или ги запишуваа во приватни училишта. Такво нешто значи директно уништување на државата. И сега некој кажува дека сме брзале, дека требало полека, а јас велам да ние треба да одиме со брз чекор зашто вие 12 години не само што ништо не поместивте туку и уназадивте“, рече министерката за овразование Мила Царовска на трибината на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.
-И денес без страм и перде не само што ги кочат реформите во образованието, туку се обидуваат на секој начин и понатаму да ги деградираат наставниците. Но, јас пред сите вас ветувам, а и пред нив во интерес на децата и на државата дека новиот концепт од септември почнува во прво и четврто. Тој ќе ги покаже резултатите и позади него сите на крај ќе застанеме. И тие ќе застанат зашто нашите деца ќе бидат задоволни, зашто програмите се усогласени со новото време, зашто нашите деца треба да научат да учат, да поврзуваат и да се справуваат со проблеми, се што денес не учат. И нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји. Но, ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни. Коколу и да се непопуларни политики во моментот ќе продолжиме да го работиме зашто знаеме дека за многу скоро ќе станат продуктивни здрави политики, рече Царовска.
Коментирање на демократски процеси загарантирани со закон и устав, од страна на министер се ништо повеќе од неумесни што значи нема да коментирам, рече министерката за образование Мила Царовска запрашана како ги коментира изјавите на иницијативата ,,Настава и учебници мора да има" дека доколку биде успешен референдумот, а власта тоа го игнорира на есен ќе има бојкот на наставата.
Оваа учебна година матурантите ќе полагаат матура, па до крајот на ноември треба да изберат проектна задача, а до крајот на следниот месец предмети кои ќе ги полагаат, порача министерката за образование Мила Царовска денес од Битола.
„Да ги поттикнам учениците до крајот на ноември да изберат проектна задача за матурата која ќе се случува оваа учебна година и до крајот на наредниот месец да изберат премети кои ќе сакаат да ги полагаат за матурата. Не сакаме пандемијата да предизвика застој во развојот на нашите ученици кои се нашата иднина токму затоа согласно законските рокови матурата ќе се изврши наредната година. Истата пракса се случуваше во сите земји од регионот и Европа и минатата година, а оваа година ќе се случи и кај нас зашто не сакаме да бидеме исклучок во одредени негативни пракси. Матурата е значајна за утврдување на знаењата, но и за понатамошниот развој на нашите млади граѓани од кои очекуваме понатаму да ја водат држава и економските развој“, рече министерката Царовска.
Инаку, првото полугодие завршува на Нова година, а второто започнува на 21 јануари.