АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
10 поранешни функционери во две групи ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата се Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции која се уште не е објавена се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски, Тони Јакимовски, објави Телма.мк.
Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни и правен застапник на сите, објаснува дека се повикуваат на аболицијата на претседатлеот Ѓорге Иванов.
На веб страната на судот се гледа дека овие апикации се во фаза на таканаречени комуницирани предмети што значи дека се уште нема одлука. Обајснето е на што се однесува предметот но и на кои прашања треба да одговори државата.
Објавени се прашањата од судот што треба да ги одговори државата меѓу кои „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“
Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, дека пред 10-тина дена биле доставени на одговор до Владата а за одлука може да се почека и до 3 години. Шпекулации и притисок ги нарече информациите дека може да има последици врз предметите што се водат против овие обвинети пред домашните судови и обвини дека за опозицијата единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Правда мора да има за сите, напиша Маричиќ.
Илиевски вели предметот е во фаза во која двете страни можат да преговараат. Тој минатата недела иницирал средба со владата за преговори но по вчерашниот статус на министерот за правда не е е оптимист дека може да дојде до пријатеска спогодба но е оптимист во однос на исходот од постапките.
Собранието минатата година одлучувајќи по барањето за автентично толкување заклучи дека членот по кој дал Иванов помилување не постоел па врз основа на тоа надлежните објаснија дека и помилувањата биле незкаонски. Тој аргумент најавија дека ќе го користат и пред судот во Стразбур. Претходно токму помилувањата на Иванов беа меѓу гавните аргументи на надлежните во Атина и Будимпшета за да одбијат да ги испорачаат Грујевски и Бошковски.