2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Пустец ја започна реконструкцијата на постоечката, стара училишна зграда и основањето на музеј во с. Глобочани, Пустец, активност која се реализира во рамките на проектот SMART-CUL-TOUR.

Старата училишна зграда во која се школувал Стерјо Спасе, еден од најпознатите македонски и албански писатели од втората половина на XX век, ќе прерасне во музеј во чест на овој писател. Директоратот за заштита на културно наследство од Корча ќе се погрижи за комплетниот дизајн и опремување на објектот и музејската поставка. Овие активности ќе придонесат за промоцијата на културното наследство и воедно ќе ја збогатат туристичката понуда во регионот.ова 3

Реконструкцијата на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола и реконструкцијата на пристапната улица т.н. „Римски пат“, вклучително и пешачка патека до археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, се останатите два големи инфраструктурни зафати кои се опфатени со овој проект.

На овој настан се обрати домаќинот, Градоначалникот на Општина Пустец, г-дин Пали Колевски и го потенцира значењето на писателот Стерјо Спасе како мост кој ги поврзува двата народи, двете култури, македонската и албанската.

Во своето поздравно обраќање, Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска; истакна: „Животот е токму ова што сме сите ние овде заедно. Во сите наши заеднички напори, заеднички активности, во секој момент, во секој наш збор се чувствува возбудата. Благодарни сме на Европската Унија за оваа можност и поддршка да ја подигнеме пограничната соработка преку инвестирање во трајните вредности во културата“.121808937 235600558056230 8295911191622866822 o

„Регионот на Преспа, особено последниве години има симболика за мирот и добрососедството на Балканот, но пограничната област помеѓу македонската и албанската држава останува еден од економски  и инфраструктурно најслабо развиените региони на европскиот континент. За среќа, за разлика од порано сега ја имаме Европската Унија, која несебично вложува во економскиот развој на сите земји од Западен Балкани преку претпристапните фондови и дава огромен приднес за подобрување на стандардите и на овој дел од Европа.121655026 235600708056215 1032870379605906593 o

Спомен музејот на писателот Стерјо Спасе може да биде убав симбол за нашето заедничко интегрирање во Унијата, преку културна соработка и економски развој.“- истакна Заменик-министерот за  локална самоуправа на Република Северна Македонија г-дин Зоран Димитровски во дел од своето обраќање.

На настанот се обратија и Заменик-министерката за култура на Р. Албанија,  г-а Мери Кумбе и г-дин Марин Белули, претставник на Заедничкиот технички секретаријат (Антена) во Р. Албанија.121674043 235600701389549 9156167299669547083 o

121694681 235600664722886 7520021278842860843 o

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани