АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Велосипедската трка „Трофеј Битола“ што ќе се одржи во недела во Битола всушност е иницијатива за возобновување на трката што во минатото се случувала традиционално за 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
Трката во недела ќе се одржи во Градскиот парк со почеток во 11.30 часот за пионерите како претходница на официјалниот дел кој започнува во 12часот. Натпреварот ќе биде во четири категории и тоа, кадети кои ќе возат 30 минути, мастерс 40 минути, јуниори 50 минути и сениори 60 минути. Сите учесници ќе мора да ги почитуваат пропишаните правила да возат со заштитна опрема, кацига и исправен велосипед, тркалата да се 28-ки, широчината на делот за управување да не биде поголем од 50 сантиметри и друго.
Организаторите очекуваат на трката да земат учество над 30 велосипедисти и уште дваесетина тинејџери кои возат од хоби.
„Порано се одржуваше традиционално трка за 4 Номеври од Маково до Битола или од Гермијан до Битола. Но, се случуваше да падне снег, да се влошат временските услови и така таа традиција замре. Сега сакаме оваа трка што ќе се одржи во недела всушност да биде почеток за обнова на ваквата традиција, со тоа што би се одржувала секој 4 ти Ноември во Градскиот парк во Битола“, рече Африм Јусуфи, претставник на организаторите на „Трофеј Битола“.