АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ресенчани и ресенските екологисти го кренаа својот глас против туланата „Нова слога“ во Ресен, која тврдат дека ја загадува животната средина и им го загрозува здравјето, затоа што во процесот на производство како енергенс користи петрол кокс. Посебно се жалат жителите кои живеат на стотина метри од фабриката за производство на тули и ќерамиди, кои велат дека веќе 5 години го дишат чадот што се испушта при согорувањето на отровниот енергенс и прашината што се создава при секојдневното минување на камините во населбата. Велат дека не бараат фабриката, во која има седумдесетина вработени да се затвори, туку да престане употребата на енергенсот, кој, како што велат, секојдневно ги труе.