2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Чествувањето на големиот македонски празник Илинден во Битола, започна пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“. Свежо цвеќе во нивна чест, положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.

Пред споменикот на двата Илиндени, кај Центарот за култура, свежо цвеќе положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.

По повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско значење за државата, заменик градоначалничката Емилија Костурски истакна:

„Со чест и гордост ги продолжуваме традициите на нашите предци, а на нашите наследници им порачуваме: Почитувајте го делото на носителите на двата Илиндена, Илинден 1903 и Илинден 1944 и на сите кои ги дадоа животите за нашата слобода“.или2

или3

или4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани