2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Денеска во просториите на Библиотеката се одржа завршна активност во рамки на одбележување на Патрониот празник на Библиотеката.

 
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола со низа активности го одбележува Патрониот празник. 
 
На почетокот на настанот поздравен говор имаше м-р Бојан Стефановски, директор на  НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Националната установа –Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. 
 
Се одржа промоција на Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023) која ја 
составиле, уредиле и редактирале: Гордана Пешевска и Ленче Андоновска, библиотекар советници.
Промотор беше  нашиот колега Илче Стојановски.
 
Промоцијата на монографската публикација „Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 - 2023 година“ е посебен повод на највисоко ниво да ги претставиме и презентираме на едно место (во библиографија) сите досегашни изданија на нашата национална установа.
Библиотеката во своето 79 годишно постоење им овозможи на сите вработени кои имаа идеи и знаења да можат слободно да ја изразат својата научна и истражувачка дејност и да ја преточат во дела кои се дел од оваа Библиографија, а сè со цел да придонесат во промоција на македонската култура кај нас и во странство.
Застапени се истакнати, објавени и реализирани стручни проекти од посебно значење за унапредување на библиотечната дејност кои ги има во голем број и се состојат од истражување, творење, создавање на дела кои служат како пример за учење, библиографска информација, хроника на една дејност, библиографски трудови во доменот на роднокрајната дејност на Битола и Битолско но, и такви со прирачнички хроничарски односно културно – историски карактер како за Битола така и за Македонија, активности за презентација и промоција на македонската книжевна продукција во странство односно реализирани проекти, активности и трудови од значење за унапредување на библиотечната дејност во Општина Битола, државата и пошироко.
 
Исто така се промовираше  списанието „Библиотечен тренд“ број 57, промотор беше Маријан Корлевски и на крај следеше промоција на  Зборник на излагања од 18-тата Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија, за зборникот зборуваше координаторот м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски.
 
FB IMG 1701963589097
 
FB IMG 1701963605937
 
FB IMG 1701963602701
 
FB IMG 1701963595114
 
FB IMG 1701963586076
 
 

Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола по повод  Меѓународниот ден против насилство врз жените распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Рацете во портокалово срце“ .

Саемот на книга во Лајпциг, Германија оваа година се одржува од 27 до 30 април. 

За време на саемот, не се само презентирани 2500 настани поврзани со новитетите за пролетта, туку и бројни нови формати како што се барот за книги, форумот „Отворено општество“ и младинскиот кампус „Универзум“. Фокусот на сите средби оваа година е исто така: отворениот збор за мирен соживот.
2.000 изложувачи од 40 земји од 27. до 30. април ќе го претстават новитетот на пролетта. За враќањето на најголемиот фестивал на читање во Европа, може да се прочита и дискутира за повеќе од 3.200 учесници во 3.000 настани на 300 различни места на саемските терени, како и во градот.
Она што не беше можно за време на пандемијата и е толку важно во моментов во време на криза - живата размена - во Лајпциг интензивно ќе се одржува и слави во текот на следните неколку дена. Постојат бројни начини да уживате во пишаниот и нацртан збор. Во исто време, мноштвото е и место за дискусија, било да е тоа за разновидните форми и теми на литературата, но и за актуелните кризи и начините за излез од нив. И пред сè, Лајпциг нуди една работа: јавна сцена за оние критички гласови кои не смеат да се слушнат во нивните домови.
Оваа година за првпат на саемот и нашата држава има штанд во рамките на проектот на Traduki мрежата заедно со другите земји членки. Штандот е претставен од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со нашиот aвтор Живко Грозданоски. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Сè што вреди да се знае можете да најдете овде: www.leipziger-buchmesse.de
 
FB IMG 1682684614350
 
FB IMG 1682684672536
 
FB IMG 1682684689808
 
FB IMG 1682684617243
Страница 1 од 10

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани