2win800x200

Бизарна случка што предизвикала нервоза кај патниците била причина утрово за доцнењето на возот на релација Скопје –Битола.

Машиновозачот  случајно ги затворил во кабината клучевите од влезната врата на кабината на  возот кој во 6 часот и 42 минути тргнал од Скопје за Битола. Кај железничката станица кај ,,Кадина река” , машиновозачот се симнал од кабината и застанал до возот додека чекал да стигне втор воз од спротивен правец  за  да се разминат на оваа желeзеничка станица. Tокму тогаш се затворила вратата од неговата кабина, а во неа и клучевите со кои единствено можел да ја отвори вратата.

Машиновозачот долго се обидувал да  ја отвори вратата, а  нервозата на патниците растела бидејќи ситуацијата се издолжила еден час и десет минути.  Најголем дел од патниците биле работници кои се враќале од трета смена од работните места во Скопје.

Резервните клучеви биле пратени од Скопје со друг воз по што ја отвориле вратата од кабината.

Македонски железници транспорт, ја потврди информацијата за медиумите со најава дека согласно правилникот за работа против машиновозачот ќе бидат преземени соодветни мерки за овој случај.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани