2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Грчките државјани, посебно оние од северот или Егејска Македонија, како локум го купуваат македонскиот грав, вели земјоделецот Фикри Ќулафи, еден од најголемите производители на грав во битолските села Велушина и Острец. Тој годишно продава околу 2000 килограми македонски грав за Грција. Тоа е над 30 проценти од количините грав што на годишно ниво заминуваат за Грција од пограничните села Велушина, Граешница, Острец и Кишава, а се проценуваат на шест тони. Со оглед на тоа дека овие села се оддалечени само на неколку километри од границата, грчките државјани гравот им го купуваат на земјоделците буквално од пред куќа.

 -Доаѓааат Грци од дома ми го креваат. Тие што купиле еднаш повторно се враќаат. Им давам по еден килограм за проба, а потоа секогаш се враќаат по повеќе. Го бендисуваат гравот. Едно семејство купува по 50, 60 килограми годишно. Повеќе од половина од производството заминува за Грција зашто ако не се соседите, слаба е потрошувачка во Битола- вели Ќулафи.

 Од другата страна на границата успева друга сорта на грав, двојно поголем од нашиот. Но, очигледно не повкусен, велат земјоделците зашто купувачите од Грција барааат килограм повеќе македонски грав. Домашните одгледувачи се соочуваат со дилема како може од грчката страна на границата да успеава сортата покрупен грав, а од македонска страна таа да не дава резултати. Така, Ќулафи зел сто килограми семе од крупниот грав, надевајќи се дека од него ќе извади два тона род, но ништо не никнало.

   Најстарото семе во Битолско

 -Семето што ние го користиме е старо неколку века, можеби и затоа гравот е толку вкусен. Од првиот род грав моите предци имале обичај да зачуваат неколку вреќи семе и пак да го засадат. Така можеби три века наназад. Го имаме сигурно најстарото семе во Битолско- вели Ќулафи.

  Но, тајната на квалитетениот грав не лежи само во семето, туку и во обработката на оваа земјоделска култура. Гравот се смета за еден од најмакотрпните за одгледување зашто расте меѓу пченка и е многу тежок за берба и чистење. За разлика од повеќето одгледувачи, кои за побрзо гравот да излезе мешунките ги газат со трактор, семејството Ќулафи, како пред еден век го чисти рачно. Домаќините на крај велат дека зачинот за квалитетениот род е всушност чистата вода со која изобилува овој планински крај и се користи за наводнување на нивите. Токму еколошкото производство го прави гравот еден од најбараните македонски производи во Грција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани