2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Информација за мерките што се преземени за подобрување на амбиенталниот воздух во Битола, по барање на опозицијата беше вонредна точка на дневниот ред на денешната седница на Советот. ВМРО-ДПМНЕ го окфалификува извештајот  како срамен, затоа што не содржи доволно информации, а владеачкото мнозинство и порача на опозицијата дека аерозагадувањата е една од неколкуте теми за кои нема право да зборува во наредните 10 години.

Во рамките на проектот #ЗНАЕШШТО кој го води Демокраси Лаб на национално ниво, денеска во соработка со  МКЦ Битола  се одржа дебата  на тема заштита на животната средина  и можностите кои ги нуди Европската унија на своите земји-членки при решавањето на слични предизвици.

Стратегијата за културен развој  за наредните четири година е дел од обновата на државата, беше речено на дебатата „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022″, што се одржа во Младинскиот културен центар во Битола, во соработка со Јадро- Асоцијацијата на независната културна сцена и Министерството за култура.

-Целата држава е во фаза на реконструкција на состојбите коишто во изминатите 12 години , беа донесени скоро до нула. Во таа смисла оваа стратегија во првата фаза предвидува една посериозна деконтаминација на културниот простор, којшто беше загаден и сеуште е загаден од разни импровизации , манипулации, се во интерес на една структура којашто земјата ја владееше така како што ја владееше, рече Ѓунер Исмаил, претседател на Советот  за култура во Министерството за култура.

Стратегијата ќе предвидува и неколку други работи во смисла на прегледување на сите закони и подзаконски акти, а ќе се завземе и една нова позиција на Министерството за култура која како што рече Исмил „досега беше во својство на еден наредбодавен орган и со јавните пари располагаше на мистериозен начин“.    

На дебата се отвори општа расправа за системската поставеност, главните недостатоци, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции.

- Сите позначајни дебати ќе бидат земени во предвид и се надевам дека ќе најдат место во финалната фаза, а исто така нашата асоцијација има предвидено и јазична експертиза“,рече Јане Чаловски,од Јадро – Асоцијација на независна културна сцена .

Дебатите ќе се реализираат во месец ноември со цел  конструктивно и целисходно вклучување на сите засегнати страни во креирањето на стратегијата за културен развој која треба да биде усвоена во декември 2017 година.

Проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022″ го имплементира Јадро – Асоцијација на независна културна сцена во партнерство со своите членки, МКЦ – Битола, Стрип центар на Македонија – Велес, Медиа артес Охрид и ИНКА – Струга. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) а се реализира во соработка со Министерството на Култура на Република Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани