АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тројца битолчани денеска се приведени и задржани во СВР-Битола, поврзани со денешното гласање за локалните избори, потврди портпаролот на полицијата, Лефтерија Миленкоска, за апла.мк. Миленкоска , само потврдува дека три лица се приведени во полиција и со нив се работи, но не кажува за каков случај станува збор. Подетални информации таа најави за подоцна. Неофицијално се зборува дека се работи за поткуп на гласачи.