2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Исмејување на осмооделенка зашто сакала да игра фудбал, друга девојка соучениците ја нарекувале бубалица зашто многу учела, лани две Ромки не отишле на матура зашто во социјалната група на Интернет биле навредени да не прават „ѓупска работа“. Ова се само дел од примерите кои беа посочени на трибината „Не за врсничко насилство“ што се одржа во Битола по повод Светскиот ден за превенција од насилство врз децата. Дури 42 проценти од децата во Македонија се евидентираат себеси како жртви на врсничко насилство, а во последните години ескалира сајбер малтретирањето. Најранливи групи се децата од помалите етнички заедници и оние со попречености.

 

„На Ромите на училиште им зборуваат дека се сиромашни, ги одбиваат за дружење, па тие обично седат на задните клупи, помалку се дружат, тоа е и најголемата причина зошто и не продолжуваат во средните улчилишта. Имавме пример, матурантки Роми не се појавија на матура зашто во социјалната група на Фејсбук каде комуницираа тие беа навредени од нивните соученици ‘ајде сега да не ја правиме ѓупската работа’ и други коментари. Секој не може да се спротивстави сам на ваквото насилство и многу ми е жал што поради вакви настани има деца кои не одат на училиште“, рече Фатма Бајрам-Аземовска од Здружението Сумнал-Битола.

 

Учесниците на трибината психолози, настааници и ученици беа едногласни дека оваа тема треба дефиниотивно да излезе од кругот на табуто и дека за неа треба активно да се зборува.

„Податоците укажуваат на алармантна состојба со насилството во училиштата. Скоро 150 милиони деца во светски рамки се жртви на насилство во и вон училишните клупи, а состојбата е алармантна и во нашата држава. Истражувањата кои беа напревени минатата година покажаа дека скоро 42 проценти од децата во Северна Македонија се евидентираат себеси како жртви на насилство во училиштата. За разлика од претходно, кога врсничкото насилство беше најактивно во училишните клупи и беше физичко и психичко, сајбер булингот е во моментална ескалација, рече доц. д-р Ивона Шушак- Лозановска од Правниот факултет при Универзитетот „Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола.

Ако физичкото и психичкото насилство во школите се ограничуваше само на времето кога ученикот е на училиште, сајбер булингот трае 24 часа на ден затоа и последиците се големи.

„Сајбер булингот не завршува, детето е 24 часа тероризирано, секој момент неговата фотографија на социјалните мрежи се гледа, се исмејува. Од тоа може да се развие пострауматско растројство, па и во зрели години тие ситуации да се враќаат. Родителите и наставниците многу да зборуваат на безбеден начин да се користат социјалните мержи. Кај сајбер булингот насилникот не гледа што ѝ прави на жртвата, помалку се чувствува емпатија. Сето ова кај жртвата предизвикува ниска самодоверба и не се цени себеси“, рече Јасмина Василевска, дипломиран и лиценциран психолог, обучена за когнитивно-бихевиорална психотерапија.

Трибината беше во организација на Правна клиника при Прваниот факултет и Ротари клубот Битола -Пелистер.

 

Читири битолчанки, секоја од нив докажана во својата професија , го подигнаа гласот против сите форми на родово базирано насилство, во кои спаѓа и сајбер наслството.

Зачестено е сајбер насилството меѓу учениците ви Битола, покажа трибината за меѓуврсничко насилство што неодамна се одржа на Педагошкиот факултет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани