АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Могилчанецот Стефан Сакурмовски го фати светиот крст што во водите на река Шемница го фрли отецот Славе Петровски по повод големиот христијански празник Водици.
„Ова за мене е голема радост, светиот крст значи здравје, љубов и голем бериќет“, рече Сакурмовски.
Тој по крстот скокаше заедно со дваесетина други мажи во реката која беше замрзната, па за да се направи обичајот, претходно го имаа искршено мразот во делот каде што се фрли крстот.
„Традиционално тука крстот се фрла во водите на река Шемница без разлика колку и да е студено. Јас 24 години го фрлам крстот, отсекогаш во реката, не паметам да сум го фрлил во базен. Овој голем христијански празник им о честитам на сите верници и сакам да му посакам на среќникот кој го фати крстот здравје, среќа, бериќет. За многу години да е, нека ни е честита славата“, рече попот Славе Петровски.
На церемонијата присуствуваа над двесте могилчани и верници од други места, како и градоначалничката Јасмина Гулевска. Од Општината соопштија дека во 15 населени места каде што се фрлаше крстот на територијата на што ја зафајќа општина Могила, со одука на Совет и програмата за култура, за Водици доделкуваат ваучер со 5000 денари и по една икона за сите оние што ќе имаат среќа да го фатат крстот.
Могила празникот Водици го одбележа право со лицитација на икони во црквата „Св. Архангел Михаил“, каде поголема група верници имаа можност да лицитираат и купат икони. Потоа, верниците со литија и пеејќи стари водичарски песни се упатија кон реката Шемница каде се одржа традиционалното фрлање на светиот крст.