2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Млади, повозрасни битолчани, жени со колички, вакцинирани, неимунизирани...Редици битолчани денес чекаа пред пунктот на Магнолија каде се вршеше бесплатен серолошки тест за антитела во рамки на скинингот што го отпочна Министерството за здравство со цел да се утврди каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава и да му помогне Комисијата за заразни болести во планирањето на идните мерки во борбата со пандемијата.

„Два пати сум прележан, не сум вакциниран, сакам да видам дали имам антитела. Од болеста не се плашам, се затекнав случајно тука и си реков да проверам, зошто да не, бесплатно е“, ни рече еден битолчанец.

“Три пати сум вакциниран, ама решив да проверам дали имам антители“, рече друг битолчанец. 273678208 472763834503622 7907633323136858737 n

Предвидено е да се направат околу 3000 анализи од кои 1000 во Скопје, а од другите градови скрининг -тестирањето започна од Битола каде денес присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали. Тој рече дека од резултатите на ова тестирање ќе зависи понатамошното олеснување на мерките, а за да се врати нормалното функционирање потребно е над 70 проценти од граѓаните да се имунизирани.

„Бројот на заболени на ниво на држава благо се намалува од пикот во четвртиот бран. Кај нас нивото на вакцинација и целосна имунизација на нашата популација е пониска од Европа. Ние поскакуваме да имаме позитивни резултати од анализата што ја правиме за врз основа на тоа да ги намалиме мерките и да бидеме слободни за функционирање. Но, се зависи од епидемиолошката состојба на нашите граѓани. Доколку добиеме резултати кои се позитивни, односно над 70 проценти да е вкупната имунизација во државата, тогаш можеме да кажеме дека почнуваме со олеснување и нормално функционирање на животот на нашите граѓани’, рече Сали.

Во однос на скринингот кај учениците, тој додаде дека од 200 ученици на школска возраст кои вчера беа тестирани како дел од постапката за утврдување на трансмисијата на коронавирусот во училиштата, само едно лице беше позитивно.

„Резултатите се позитивни, од направени 200 анализи во текот на вчерашниот ден сме добиле само еден позитивен резултат. Се надевем дека во Скопје уште два-три дена ќе потрае анализата зашто тука беше поголемиот број на новоинфицирани деца, доколку биде таков бројот и во другите делови во градот во тој случај нема потреба од продолжување на анализите“, рече министерот.273807147 446205457241714 2945196295212310354 n

273984339 482415939935069 7271775714159639452 n

274103847 944139149413814 2180252730372950500 n

274258164 925462938332867 7031395800193464007 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани