АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голем е бројот на болни кои бараат преглед и лекарска помош во ковид-амбулантите во Клиничката болница во Битола. За едно деноноќие, во амбулантите биле извршени 157 прегледи на сомнителни и позитивни пациенти на ковид-19. Со овие бројки притисокот врз амбулантите и понатаму останува голем. Инаку, бројот на хоспитализации е приближно ист како пред десетина дена. Вкупниот број на хоспитализирани сега изнесува 56, од кои 31 пациент прима терапија во дневна болница. Број на пациенти на кислородна поддршка е 24.