АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Камерниот оркестар на Битола постои неколку децении и со мали прекини егзистира до денес. Почетоците биле од група ентузијасти, најчесто музички необразовани, но денес Kамерниот оркестар на Битола е составен од професионалци кои дипломирале на својот инструмент, а голем дел и магистирале. И покрај тоа што Kамерниот оркестар постои повеќе од 40 години, никогаш немал статус на институција каде музичарите би биле вработени, така што отсекогаш функционирал на проекти.
Последните неколку години, зад овој своевиден културен бренд на градот застана познатата ИТ компанија ⋮IWConnect која деновиве го обнови договорот со уште по амбициозни планови.
„Мислам дека пред едно добри шест години, случајно видов плакат за концерт на Камерниот оркестар на Битола. Купив карта, бев на концерт и заминав воодушевена од тој спој на класиката и модерната музика, која диригентот и музичарите ја имаа на репертоар таа вечер. По цената на билетот, ми беше повеќе од јасно дека овие луѓе тој концерт не го прават за профит, туку од некој личен ентузијазам и љубов. Со тие впечатоци заминав дома и разговарав со мојот сопруг. Посакав да ги спонзорираме. Дел од нашиот тим реагираше со факти…„ па тоа не класика, тоа не е ни рок„….а мене токму ми се допадна што тоа не е тоа, ама за мене беше перфектно. Битола е мал град, секој со секој некако се познава, па така испадна дека драг колега е пријател со Владе….човекот кој стои зад возобновувањето на Камерниот оркестар на Битола и така започна нашата соработка. Таа е повеќегодишна, започнавме со скромно спонзорирање, со времето го зголемуваме влогот во овој проект на среќа на двете страни“, изјави Елизабета Мемца при потпишувањето на новиот договор за спонзорирање која заедно со својот сопруг Александар Мемца се сопственици на оваа голема компанија.
Оркестарот веќе е културен бренд на градот, со секогаш преполни сали и огромен интерес за сите нивни концерти. Билетите се продаваат за само неколку часови.
„Со ⋮IWConnect соработуваме еве веќе 6-та година и заеднички со нивна поддршка сме организирале 30 концерти. За нас ова големо спонзорство е важно. Тоа ни овозможува полесно да функционираме. Верувам дека една од најголемите желби на секој член од камерниот оркестар е тој конечно да стане институција, каде студентите од Битола или од околните градови, а верувајте ги има многу, кои ќе завршат на својот инструмент ќе имаат шанси да се вратат дома и да се вработат тука, зошто веќе и оркестрите во Скопје, Националната Опера и балет и Националната Филхармонија се преполни со музичари од сите краишта“, Истакна Владимир Димовски, диригент и уметнички директор на Камерниот оркестар на Битола.
Една од вредностите на ⋮IWConnect, а водено и вредност на целиот менаџмент тим, е во знак на благодарност за тоа што тие го создале и постигнале, несебично да вратат на заедницата. Конечно, општествена одговорност е на сите успешни компании и личности кои бројат успеси во животот, да направат барем мали напори да го направат овој свет подобар од она како го затекнале, на нивните почетоци, пред да станат тоа што се денес по прашање на успех.