2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола започна да ја реализира кампањата „Сите во библиотека“! Кампањата има цел подигнување на свеста на важноста за читање, учество на библиотеката во процесот на формално и неформално образование, читање од раната возраст и сите фази во човековиот живот, вклучувајќи го и слободното време поминато на креативен и образовен начин.

„Бидете дел од универзалниот свет на книгата. Септември е месец кога започнуваме со образовниот циклус за сите возрасти.  Искористете ја можноста БЕСПЛАТНО да се зачлените и да ги користите сите библиотечни ресурси на нашата библиотека. За најмладите читатели останува бесплатен упис (со родител или старател). За учениците од прво одделение во сите основни училишта следува бесплатни уписи во Библиотеката (ваучери ќе бидат доставени до основни училишта). Учениците од средни училишта кои се запишуваат во прва година, ќе имаат исто така бесплатен упис (со родител или потврда од училиште). Сите студенти кои за прв пат се запишани во прва година имаат право на бесплатен упис (индекс, потврда)“, велат од Битолската библиотека. 
 Работно време на Библиотеката од понеделник до петок од 7 до 19.30 часот.
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани