АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членови на фејсбук групата Битолска патрола најавија дека оваа сабота на осум јуни после 12 часот во кругот на Офицерски дом во Битола ќе фотографираат непрописно паркирани возила на јавни зелени површини и фотографиите ќе ги доставуват до Општинскиот комунален инспекторат на град Битола и МВР Битола.
„Ова ќе го правиме од причина што граѓаните на Битола масовно не ги почитуваат Одлуката за комунален ред и Законот за комунални дејности, па непрописно ги паркираат своите автомобили на јавни зелени површини, а со тоа ги кршат законските прописи и нанесуваат штета на непосредната околина“, пишува во соопштението.
Од Битолска патрола апелират до граѓаните на Битола да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните знаци и на тој начин нема да бидат доведени во непријатна ситуација со фотографиите од нивните непрописно паркирани автомобили.
Тие се повикуваат на Одлуката за комунален ред на Општина Битола (Службен гласник бр.14 од 03.12.2012 година) во член 49 е забрането секакво минување, запирање, паркирање и оставање на било кој вид возила и нивно миење во паркови, јавни зелени површини, парк-шуми и рекреативни површини. Во член 82 е дефинирано дека Непрописно паркирано возило е она возило кое е паркирано на јавните површини спротивно на важечките прописи. Во член 121 е наведено дека ќе се применуваат Прекршочните одредби кои се предвидени во член 43 од Законот за комунални дејности (Службен весник бр.95 од 26.07.2012 година) во кој е предвидена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност во мандатна постапка за секое физичко лице кое ќе постапува спротивно на Одлуката.