2win800x200

По повод големиот христијански празник Божиќ, во организација на Општина Битола, во Офицерскиот дом во Битола, се одржа Божиќен концерт. Присутните имаа можност да го проследат настапот на Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“ и Женскиот хор „Света Макрина“.концерт 2

концерт 3

0

Битолското здружение на Хрвати од Македонија, вечерва го организира традиционалниот Божиќен концерт на кој годинава ќе учествуваат младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола и членови на Заедницата на хрвати кои учествуваа во наставата на хрватски јазик во Македонија.

Младинскиот женски хор под диригенство на Љубо Трифуновски ќе изведе дела на македонски и странски композитори, уметникот Дарко Кулевски на хармоника ќе го изведе делото на Семјонов „Слики од ренесансата“, а со соло гитара ќе настапи Андреја Чукалкова која ќе исполни Божиќна песна.

„Католичката Црква „Пресвето Срце Исусово“ е место каде што го славиме Христовото раѓање, каде што ја одржуваме традицијата и каде кон Здружението на Хрвати се приклучуваат и други битолчани. Благодарни сме што новиот жупник Дон Паво Шекерија ја препозна иницијативата и се заложи за реализацијата и на годинешниот Божиќен концерт во Битола“, соопштија организаторите на вечерашниот културен настан во овој град.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани