АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Силниот ветер кој ја имаше зафатено Битола во ноќните часови ја собори и металната ограда со која беше заградено игралиштето во дворот на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола. Оградата падна од страна на улицата и за среќа не предизвика штети врз возилата кои се паркираат во близина, но изрони делови од ѕидот на кој беше прикачена.
Директоката на училиштето Дијана Христовска вели дека веднаш ја остраниле оградоата од патот. Според неа се работи за стара ограда, која била поставена во 2004 година кога беше реновиран спортскиот полигон.
„Но, кога јас дојдов за директор веќе беше оштетена, жиците ѝ беа стари, претходно некој отстранувал дел по дел, па ова е само делче од оградата. Ние како училиште имавме барања за да се обнови и проект направивме и аплициравме на неколку места, но немавме реалзација. Се надеваме дека во иднина ќе добиеме средства“, рече Христовска.