2win800x200

Денес се навршија седумнаесет години од загинувањето на македонските бранители во близина на селото Гајре за време на конфликтот во 2001 година. Битолчаните Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци беа  воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со повеќе делегации положија свежо цвеќе пред споменикот „Анѓел“ во паркот кај Саат кулата и кај споменикот подигнат на просторот во поранешната касарна. Во нивна чест,  беше организиран и Меморијален турнир во мал фудбал, насловен „Влатко, Благојче и Пеце 2001“.

„Денес сме овде не само да им оддадеме помен, туку и да се потсетиме дека никогаш, никогаш не смееме да заборавиме на нивните семејства, на нивните потомци...Меѓутоа и како политичари мора да бидеме одговорни, да водиме политики којшто никогаш повеќе нема да ја доведат Република Македонија во таква ситуација. Тоа е наша должност и тоа мора да го направиме“, рече градоначалничката Петровска.Vo cest na branitelite 21

Vo cest na branitelite 02

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани