АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци започна со имплементација на основниот проект „Реконструкција на доводен цевковод од “Петте чешми “ во должина од 13 км . Вкупната инвестиција е во вредност од 1.920.000 денари , средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 1.500.000 денари, а остатокот од Буџетот на Општина Новаци. Инвеститор е Општина Новаци, а како најповолен изведувач за извршување на градежните работи избрана е фирмата ЗИМАК ДООЕЛ-Битола.