2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Цевниот систем кој е стар колку и објектот на детската градинка „Колибри“, е главната причина поради која неодамна се појави проблем со системот за греење во оваа градинка, која е клон на детската градинка Естреја Овадија Мара, а во објектот простории користи и училиштето „Тодор Ангелевски“.

Градоначалникот Коњановски и стручните екипи од општината, денеска извршија увид во оваа детска градинка, каде со директорката Лидија Тфирст Митревска, разговараа за временото решение кое се спроведува во моментот, но и за можностите за заедничка заложба на општината и градинката за реализација на инвестицискиот проект, кој ќе овозможи трајно решавање на проблемот. За таа цел, Коњановски предложи, стручните служби од општината да овозможат техничка поддршка за подготовка на потребната документација, а раководството на градинката да ја спроведе постапката со што ќе се изврши замена на целата цевна мрежа.

градинка 2

Од страна на раководството на градинката, ваквиот предлог беше прифатен, а постапка се очекува да отпочне до крајот на месецот.

Коњановски нагласи дека, грижата за сите објекти, а посебно за објектите во кои се одвива воспитно – образовниот процес, мора да биде континуирана и во текот на целата година, со цел да се овозможат подобри услови и непречена работа на истите.

градинка 3

Апла.мк на 18 ноември пишуваше дека поради дефект без парно затоплување остана дел од објектот на градинката „Естреја Овадија Мара“ во населбата Стрелиште во Битола каде покрај клонот „Колибри“ со 120 деца, на вториот кат потстанар е подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ со 60 ученици.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани