АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, со почеток во 19.00 чсаот Државното музичко училиште од Битола ќе одржи Свечен концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“. Ќе нстапат и уметниците Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола.
„Пеце Митревски (12.04.1952 Битола - 07.04.2008, Битола) средно музичко училиште заврши во родниот град, а понатамошното школување го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работи во Македонската опера се до 1987 година. После тоа започнува неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за прв пат е отворен отсек – соло пеење. Освен предметот соло пеење, предаваше солфеж и вокална техника, но имаше огромни познавања и од контрапункт и хармонија. Од 1992 година континуирано беше диригент на црковни хорови во Битола.