2win800x200

Покрај тоа што го исчитија од расфрлениот смет местото Чешмите кај Гавато, познато по тоа што патниците таму застануваат на почивка додека патуваат по регионалниот пат Битола- Ресен, Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ успеа да пушти и вода во чешмите кои беа секнати подолго време. Тие ги исчистија цевките од изворот кои беа затнати и водата почна да тече како во минатото кога битолчани застануваа на тоа место посебно преку лето да се разладат.

На 30 мај, поточно пред еден недела, на иницијатива на Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ Битола со поддршка од ЈУ Национален парк Пелистер, ЈКП Комуналец, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонија Пат-  Битола, „7-ми Мај“ Битола, како и други фирми и граѓани се изведе еко акцијата на местото Чешмите-Ѓавато. На акцијата учествуваа околу 40 учесници кои успеаја да соберат околу 5 тони отпад и 4 камиони гранки и друга дрвна маса

Од „Архангел“ апелираат до посетителите да се одржува местото чисто. Поставени се буриња за отпадоци, па отпадот да се фрла во нив, а не наоколу.197527575 193539519323873 8276142275468803979 n

Здружението во четврток на 10 јуни организира крводарителска акција во 9 часот во просториите на Одделението за трансфузија во Клиничка болница Битола. Ги повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да даруваат крв да им се придружат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани