2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По повод денот на пожарникарството 20 мај, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и претставници на Советот на Општина Битола положија цвеќе пред спомен плочата пред ТППЕ Битола. 
 
Градоначалничката Петровска им го честиташе денот на битолските пожарникари, при што потсети дека во изминатите години, многу е вложено во подобрување на условите во ТППЕ Битола.
 
„Во тек е јавна набавка за нови 24 униформи, летни и зимски, а минатата година беа набавени 14 униформи, во вредност од околу 2 милиони денари. Во изминатите три и пол години се вклучени нови пожарникари, а во наредиот период ќе и нови лица, што покажува дека ваков подем во опрема и кадар не е направено години наназад. Со новиот ребаланс на буџетот се предевидени средства и за реконструкција на покривот на зградата на ТППЕ“, рече градоначалничката Петровска при посетата на ТППЕ Битола. 
 
Минатата година ТППЕ доби ново противпожарно возило од 97.000 евра, а претходно беше набавена заштитна опрема за работа во вредност од 60.000 евра. Инвестициите обезбедуваат создавање на подобри услови за самите пожарникари, како гаранција за нивната безбедност, но и гаранција за безбедноста на граѓаните, при делување на териториите на општините Битола, Новаци и Могила. 
 
На 20 мај во 1836  година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред на Балканот и меѓу првите во Европа.

Најстарата противпожарна единица на Балканот, битолската, одбележа 182 години од своето постоење. На свеченоста присуствуваа делегација  од  Конзулатот на Република  Бугарија во Битола, претставници на МВР, на Црвениот крст,  советници  од  општинскиот Совет, а заменик градоначалничката Емилија Костурски, честитајќи го Денот на пожарникарите, најави зајакнување на капацитетот на ТППЕ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани