2win800x200

Во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, која е најстариот завод од ваков тип во државата, формиран 1955 година, отворена е сензорана соба наменета за децата со сензорна дезинтеграција. Заводот годишно го посетуваат 300 деца и собата ќе им овозможи унапредување на координацијата и комуникациските вештини. При пуштањето во употреба присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали, како и неговиот заменик Владимир Рендевски. Сали рече дека кај нас, како и во светот, во последните години расте бројот на лица со сензорно моторна дезинтеграција, дезориентација и проблеми со аутистичен спектар.

„Видовме една успешна инвестиција која придонесува за поуспешна и поефективна рехабилитација на мали деца и млади пациенти кои имаат сензорна деизнтеграција и деца со проблеми со аутистичен спектар што во последниот период кај нас, па и во светот е некаков тренд на раст на број на пациенти. Престојот во сензорната соба им овозможува на децата да развијат сензорни вештини, а притоа стимулирачката и смирувачката атмосфера озозможува подобра координација и унапредување на комуникациските вештини. Ова е центар кој ќе преидонесе за навремена дијагноза и третман за рехабилитација на овие пациенти“, рече Сали.

290429685 1240260233374439 3835817951804894548 n

Заводот има болнички дел со капацитет од 25 лица, како и амбулантен кој е многу поголем. Доаѓаат деца од тригодишна возраст, па нагоре.

„Имаме нова сензорна соба која е од големо значење за нашите мали пацинети, а тоа се децата со сензорна дезинтеграција. Се надеваме дека ќе придонесе многу за нивна побрза рехабилитација. Мислиме дека ќе има голем успех. Собата чини 3,7 милиони денари, од кои 180 900 се донација од Стопанската комора, а останатите се наши сопствени средства“, рече директорката Дивна Живорадиќ- Најдовска.

290670166 548816420215917 4358929592708411772 n

Со децата во Заводот работат десетина специјалисти во нивната област, од кои четворица магистри. Установата работеше и за ковид-кризата, а министерот ја издвои како пример на јавна установа која не направила долгови.

„Обноваена е опремата, климатизери за секоја работна соба, ИТ поддршка за сите вработени и ја сметаме за една од јавните установи кои треба да се користат како модел зашто во време на пандемнија нема создадено јавни долгови што пак е тренд и забележуваме дека сите јавни здравствени установи во текот на пандемијата предизвикуваа долгови“, додаде Сали.

290714262 5823206764375071 7343799281889914578 n

Средствата од хуманитарниот пикник што го организираше  Советот на странски инвеститори ќе бидат доделени на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола. Директорката на Заводот  Дивна Живорадиќ- Најдовска вели дека средствата ќе бидат употребени за опремување на сензорната соба во оваа институција. Висината на донацијата ќе се знае во текот на утрешниот ден.

-Советот на странски инвеститори  одлучи средствата од хуманитарниот пикник да ги додели на „ЈЗУ-Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола“. Средствата ќе бидат искористени за опремување на сензорна соба во нашиот Завод. Со оглед на тоа дека се работи за поголема инвестиција секоја помош е добредојдена. Ви благодариме, вели директорката на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола, Дивна Живорадиќ- Најдовска.

Според неа сензорната соба ќе биде од корист за децата што имаат сензорна дезинтеграција, а најмногу ќе им помогне на лицата со аутизам во процесот на нивна рехабилитација.

-Оваа донација ќе придонесе за доопремување на нашиот Завод во насока на обезбедување подобри услови за нашите деца, а компаниите на најдобар начин ја докажаа својата општествена одговорност преку организирање на ваков хуманитарен настан,вели Живорадиќ- Најдовска.

divna 2

Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го организираа четвртото издание на традиционалната манифестација т.н. „Светски пикник“, во Градскиот парк во Скопје.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани