АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До најмногу илјада евра субвенции од државата ќе добијат граѓаните кои ќе одлучат да го промената начинот на затоплување на своите домови од печки на огревно дрво со инвертор клими. Ваква можност ќе имаат жителите на Битола и Кичево, градови во чија близина се наоѓаат термоелектраните на јаглен и каде има високо аерозагадување, како и жителите на Скопје и Тетово, исто така гардови каде загадувањето на воздухот е големо. Субвенциите ќе изнесуваат најмногу 60 илјади денари, а вкупниот буџет ќе го обезбеди државната компнаија ЕСМ.
-АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.
Тој посочи дека компанијата за таа намена може да одвои три до четири милиони евра.
-Во зависнос од интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства кои ќе бидат проширени и на останатите градови, додаде Ковачески.
За почеток на оваа мерка се чека зелено светло од Влдата, по што ќе има повеќе информации за граѓаните околу субвенционирањето на инверторите за домаќинсвтата кои ќе одлучат да ги заменат печките на дрва со овие клима уреди.
Бесплатна замена на печките на дрва со инвертори, проект кој ќе започне да се реализира претстојната грејна сезона и тоа најпрво во Битола, Тетово и Скопје, а потоа и во другите градови, најави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Битола. Овој проект кој ќе зnачи намалување на аерозагадувањето Владата го реализра заедно со Државните електрани.