2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Десетина автомобили се оштетени со каменување и турање на непозната течност врз нив во последните три дена во Битола. Од СВР Битола потврдија дека седум возила биле оштетени додека возеле на обиколницата над Битола во близина на тунелот, од страна на лица кои фрлале со камења по возилата. Кај колите оштетени се ветробранското стакло, предната и задната хауба. Според пријавите каменувањето се случило во вечерните часови околу 23  часот, а вакви опасни настани преживеале неколкумина жители на Битола и село Цапари.

„Ова му се счучи на мој близок роднина, можете да замислите додека возите со 80 километри на час да удри камен во предното стакло од возилото. Па, арно што луѓето останаа живи. Прво не знаеја  што се случува, а кога возачот излезе надвор да види што е работата, тие што фрлаа камења побегнаа“, вели Никола Стојановски од Битола.

На обиколницата минатата година беше поставена заштитна ограда за да се подобри безбедноста на возачите, а и на ромското население кои живее во неурбанизирана населба од двете страни на овој магистрален пат.  

Уште четворица други битолчани во полиција пријавиле дека пред два дена во периодот од  18 до 21 часот била истурена непозната течност врз покривот и предната хауба на нивните возила во Битола. Дел од возилата биле во наслебата Стрелиште.

Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани