АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И за престојната вчера кога во Битола традиционлано се палат коледарски огнови, важи забараната за групирање на повеќе од четворица лица на јавен простор, одговори претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на прашање на Апла.мк.
„Во рамки на ова ограничување е и одговорот за евентуалните вчерашни прослави или палења на огнови. Во однос на контролите, Државниот инспекторат за животна средина има надлежност да врши контроли врз правни лица кои имаат А интегрирана дозвола, односно државните инспектори за животна средина немаат надлежност да вршат контрола во вакви конкретни случаи како што е палењето на коледарските огнови“, рече Филиповска-Грашкоска.