АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Низ училиштата во градот секојдневно пристигнува компјутерската техника која се набави со средства од Општина Битола за непречено да тече он-лајн наставата. Така во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ пристигнаа 3 лап-топ компјутери, 12 деск-топ комјутери со камери и звучници и 5 таблети за цртање кои ќе се користат за решавање задачи, пишување формули, цртање на графици, дијаграми и слично, кои се неопходни за наставата по математика, физика и хемија.
„Со овие ИКТ уреди, значително ќе се подобри изведувањето на наставата на далечина, а со тоа ќе се овозможи успешна учебна година“, соопштија од Гимназијата.
Пред почетокот на оваа учебна година Општина Битола ја даде потребната поддршка до сите основни и средни училишта, со цел новиот модел на настава да се одвива без проблеми. Во основното образование беа вложени 5 502 400 денари за набавка на 203 компјутери, платен интернет за 12 месеци и 55 бесконтактни топломери Во средното образование пак, беa вложени 2 399 200 денари за набавка на 89 компјутери, исто така интернет за 12 месеци и 12 мерачи на температура. Вкупно издвоената сума за сите училишта е 7 901 600 денари или 128 481 евра.